177
По пет години, „бјанконерите“ се радуваат на победа на Олимпико, Јувентус вечерва триумфираше
со 1-2 на гостувањето кај Рома.
Шампионот на
Италија одлично го започна натпреварт, Демирал донесе водство уште во 3. минута.
Набрзо предноста беше дуплирана, Верту загуби топка на работ од шеснаесетникот па
уште и го собори Дибала за најстрога казна. Роналдо беше прецизен од белата точка
за 0-2 по десет минути.
Рома се врати во
игра во 68. минута кога Пероти од пенал намали на 1-2, но тоа беше се што
направија домаќините.
На крајот Јувентус стигна до нови три бода со кои го
заврши првиот дел од сезоната како лидер на табелата со +2 во однос на Интер.