Сити ја растури Астон Вила, Агуеро собори рекорди на Анри и Ширер (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Граѓаните“ се
вратија на втората позиција на табелата, избраниците на Пеп Гвардиола вечерва
лесно стигнаа до три бода и ја растурија Астон Вила со убедливи 1-6. Мечот
помина во знакот на Кун Агуеро, Аргентинецот три пати ја тресеше мрежата на
домаќините и собори рекорди на големите Тјери Анри и Алан Ширер.

Со 177 погодоци,
тој е најдобриот странец стрелец во историјата на Премиерлигата, претходно ова
признание му припаѓаше на Тјери Анри, кој постигна 175 погодоци.

Хет-трикот против
Астон Вила беше 12-ти во кариерата на Аргентинецот со што го надмина успехот на
Алан Ширер, кој имаше постигнато 11 хет-трика во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×