Барса добила „корпа“ и од Куман, во игра сега се нови три имиња за наследник на Валверде

by
1 минути читање

Раководството на
Барселона е во тесно откако Чави ја одби понудата веднаш да седне на тренерското
столче. Ернесто Валверде е лут и разочаран од манорот на кој се решава неговата
иднина, па речиси сигурно тој ќе добие отказ во следните денови.

Од Шпанија вечерва
пристигнува информација која вели дека „каталонците“ го контактирале Роналд
Куман, но и Холанѓанецот им удрил „корпа“ па сега се разгледуваат неколку
сценарија.

Една можност е
тренерот на Барса Б, Хавиер Гарсија Пимиента да биде промовиран во првиот тим до
крајот на сезоната.  Опција е и
поранешниот тренер на Бетис, Кике Сетиен како и поранешниот фудбалер на Барса,
Габи Милито кој сега е тренер на Естудиантес де ла Плата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×