163
Медиумите од
Шпанија уште пред неколку дена најавија дека Луис Суарез ќе мора да оди под нож
за да ја санира повредата на десното колено која го мачи подолго време.
Најавите беа дека тој ќе паузира месец ипол, односно четири до шест недели.
Сепак, Барселона
попладнево соопшти дека сезоната за напаѓачот практично е завршена. Операцијата
на менискусот на десното колено извршена од др. Рамон Кугат била успешна, но шампионот
на Шпанија предвидува дека Уругваецот ќе отсуствува околу честири месеци.