Челси повлече
потег за стоперот на Брајтон, Луис Данк, кој важи за еден од најдобрите
фудбалери на таа позиција во моментов во Премиерлигата, „Сините“ од Лондон веќе почнале преговори за да увидат колку Данк е достапен на трансфер пазарот.
28 годишниот
фудбалер е голема желба на шефот на стручниот штаб на Челси, Френк Лампард, кој
силно посакува да ја засили дефанзивната линија, особено на стоперската позиција
каде веројатно има повеќе проблеми.
„Сандеј Тајмс“
објави дека Брајтон бара цели 50 милиони фунти за својот дефанзивец, меѓутоа
веројатно е дека би попуштил во преговорите и нема да му стои на патот на
својот фудбалер доколку изрази желба да си замине.
Данк веќе десет
години е член на Брајтон, клуб каде ги мина и своите фудбалски почетоци,
односно клуб во чиј младински погон и се развиваше. Данк за Брајтон досега
запиша 263 настапи, а притоа постигна и 15 погодоци, искусниот стопер пред две
години запиша и еден настап за селекцијата на Англија.
На Островот
веруваат дека Челси ќе се договори со Брајтон и ќе го доведе Данк во своите
редови, стоперот е доста ценет на својата позиција во најсилниот фудбалски
шампионат на Островот од самиот влез на Брајтон во Премиерлигата во 2017.
година.