По три средби конечно паднала одлука: Едно НЕ и едно ДА од Чави за Барселона

by
1 минути читање

Делегација на Барселона во Доха имаше три средби со Чави изминативе денови, Абидал и Грау со амин од Бартомеу му понудија две ипол годишен договор.

Чави побара малку време добро да размисли и попладнево тој донел одлука. Голем број на извори од Шпанија велат дека стратегот кажал НЕ за можноста сега да седне на клупата на Камп Ноу и ДА за идејата летоска да го превзеде кормилото.

Тој сметал дека идеално време за враќање дома е по крајот на сезоната, тогаш најдобро ќе може да ги имплементира своите работни методи и да ги направи промените за кои смета дека треба да се случат.

Чави исто така не сака да го погази зборот кој го дал на луѓето во Катар и неговиот сегашен клуб Ал Сад. Во февруари ги чека финале во купот и Шпанецот сака да го предводи својот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×