Чави по средбата со Абидал и Грау: Сон ми е да бидам тренер на Барса… но не сум добил понуда

by
1 минути читање

Неколку извори од
Шпанија синоќа пренесоа дека генералниот извршен директор Оскар Грау и
спортскиот директор Ерик Абидал во Доха се сретнале со Чави и му понудиле две
ипол годишен договор, оносно веднаш го наследи Ернесто Валверде на тренерското
столче.

Чави сега потврди
дека имал средба со делегација од Камп Ноу, вели дека сон му е да стане тренер
на Барса но додава дека во моментов нема никаква понуда на негова адреса.

„Нема да кријам, сон
ми е да бидам тренер на Барса. Го имам кажано ова во неколку наврати, речиси во
сите интервјуа во кои ми поставиле прашања на оваа тема. Сите знаат дека Барса
има посебно место во моето срце, но во моментов не можам да кажам ништо. Се
сретнав со Абидал бидејќи е мој пријател, но нeмам добиено понуда. Не сакам да
говорам повеќе на оваа тема, имам почит кон клубот, кон Валверде и кон Ал Сад.
Фокусиран сум на мојот тим, среќен сум тука“
– вели Чави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×