Според пишувањата
на „Марка“, Еден Азар се чини дека ќе се врати на терените по рехабилитацијата
од повредата на стартот од идниот месец, а со тоа ќе се остварат и очекувањата.
Белгиецот е вон
терените откако се здоби со повреда на коленото во ремито на Реал Мадрид против
ПСЖ во ноември во рамките на Лигата на шампионите.
Азар притиска да
се врати што е можно побрзо на терените, а лекарскиот тим на „Кралскиот клуб“
работи во полна пареа да целосно се врати подготвен за настап за „Кралевите“.
Најнапред, првичните
информации околу враќањето на Азар велеа дека ќе се врати на 18 јануари за
пресметката со Севиља, меѓутоа сега очекувањата се Белгиецот да се врати за
градското дерби со Атлетико Мадрид на 1 февруари.
„Марка“ дополнува
дека приоритетот на Реал Мадрид во случајот со Азар е Белгиецот да биде 100%
подговтен за настапи, односно да се избегнат било какви компликации во пресрет
на двомечот со Манчестер Сити во првата рунда од нокаут фазата во Лигата на
шампионите идниот месец.