Ливерпул славеше
минимално на гостувањето кај Тотнем во рамките на дербито на колото од
најсилниот фудбалски шампионат на Островот, а голот за победа гостите го
постигнаа во првото полувреме.
Со оглед на
проблемите со кои се соочуваше Тотнем во пресрет на дербито, „Редсите“ беа
големи фаворити за овој меч, кој го добија со голот на Фирмино во 37. минута од
пресметката во Лондон.
data-lang="en">
Со оваа победа
Ливерпул сега има 61 бод и меч помалку, Лестер денеска киксираше, па така
заостанува цели 16 бода зад лидерот, Манчестер Сити моментално има 44 бода, но
утре има натпревар.
За утре се
предвидени уште два меча со што ќе се спушти завесата од 22 коло, Борнмут игра
против Ватфорд, односно Астон Вила против Манчестер Сити.