Наполи на колена пред Лацио, голот на Имобиле донесе рекорд (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лацио дојде до
минимална победа од 1-0 над Наполи пред своја публика, а трите бода домаќините
ги освоија со гол во завршницата од пресметката во Рим.

Дури во 82.
минута дербито беше отворено на резултатски план, а погодокот беше дело на
Имобиле, кој освен донесе триумф за својот тим, донесе и еден голем рекорд на
клупски план за „Лацијалите“.

Со денешната
победа, Лацио дојде до десет победи во низа во „Серија А“, а тоа воедно е
рекорд за тимот од Рим во најсилниот фудбалски шампионат на Италија.

Лацио со оваа
победа дојде до 42 бода, моментално е на третото место на табелата, што се
однесува до Наполи, со 24 бода се наоѓа точно на средина од табелата, поточно
на десеттото место.

Ќе додадеме дека
нашиот репрезентативец Елиф Елмас во игра на дербито влезе в
о 88. минута, и тоа на местото на
Калјехон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×