Неофицијалните
информации кои претходно одредени медиуми ги пласираа во јавноста околу
можноста Чави да го преземе кормилото во Барселона сега и официјално се
потврдија.
Спортскиот
директор на Ал-Сад, каде поранешниот фудбалер и легенда на Барселона, Чави ја
обавува функцијата на шеф на стручниот штаб на таа екипа, Мохамед Гулам потврди
дека постојат преговори помеѓу обете страни, додаде дека не би имало никакви
пречки од страна на катарскиот клуб по тоа прашање.
„Да, постојат
преговори помеѓу Чави и Барселона во моментов, ние му посакуваме среќа без
разлика на тоа каде би заминал“ изјави Гулам.
Претходно „АС“ пренесе
дека спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал како и главниот извршен
директор на клубот, Оскар Гро, имале средба со Чави во текот на вчерашниот дек
во Доха, а на таа средба му понудиле две ипол годишен договор.
Јасно е дека виси
позицијата на Ернесто Валверде на тренерското столче кај Каталонците, претходно
шпанските медиуми објавија дека во понеделник ќе се решава прашањето по
Валверде за што состанок по тоа конкретно прашање ќе има бордот на директори на
тимот од „Камп Ноу“.