Манчестер јунајтед и Челси до убедливи победи, Саутемптон му се одмазди на Лестер (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Манчестер
јунајтед во голема мера ја оправда фаворитската улога која ја имаше во дуелот
со Норич на домашен терен, па така избраниците на Оле Гунар Солшер славеа со
убедливи 4-0, на полувремето имаа минимална предност од 1-0.

Рашфорд во 27.
минута погоди за почетно водство за домаќините, кои во второто полувреме со
дополнителни три гола донесоа убедлив пораз за Норич.

Истиот играч по
само седум минути игра во второто полувреме од пенал погоди за 2-0, за две
минути подоцна Марсијал да зголеми на 3-0.

Конечните 4-0 ги
постави младиот Гринвуд кој во 76. минута, по само пет минути на теренот успеа
да стави точка на убедливата победа за Манчестер јунајтед.

Челси исто така
на одличен начин ја оправда фаворитската улога во дуелот со Барнли на домашен
терен, обезбедувајќи победа од 3-0, а на полувремето имаше предност од 2-0.

Жоржињо од пенал
во 27. минута погоди за 1-0, а Абрахам во 38. минута веќе го дуплираше
водството за домаќините од 2-0. Конечните 3-0 ги постави Хадсон-Одои во 49.
минута од пресметката во Лондон во корист на тимот кој го предводи Френк
Лампард.

Големо
изненадување приредија фудбалерите на Саутемптон кои славеа на гостувањето кај
Лестер со 1-2, а ова е еден вид на слатка одмазда кон „Лисиците“ кои претходно
сезонава го победија Саутемптон на негов терен со неверојатни 0-9.

Најпрво Прает во
14. минута погоди за почетно водство за Лестер, меѓутоа Армстронг во 19. минута
израмни на 1-1. Конечните 1-2 во 81. минута ги постави Ингс кој игра во
фантастична форма.

Од останатите
натпревари Евертон обезбеди минимален триумф од 1-0 против Брајтон, а
Вулверхемптон и Њукасл ремизираа со резултат 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×