Јувентус подготвува ‘супер понуда’ до Донарума?

by
1 минути читање

Џанлуиџи Донарума
е една од најсветлите точки во очајната сезона, а воедно и општо период за
Милан сезонава, а неговиот квалитет и континуитет во добрите настапи не останаа
незабележани изминатите сезони.

Повеќе европски
гиганти посакуваат да го имаат во своите редови, а се чини дека најсериозен во
своите намери е токму италијанскиот првак Јувентус.

Актуелниот
важечки договор на Донарума со Милан истекува во 2021. година, а постоеа
одредени компликации во преговорите помеѓу обете страни за продолжување на соработката,
претходно Донарума одби нов договор со фантастични седум милиони евра по
сезона.

Во Италија
пренесуваат дека и покрај тоа што продолжување на соработката со Војчех Шчесни
е формалност, Јувентус и натаму не се откажува од намерата да го доведе Донарума
во својот состав.

Од Јувентус под
будно око ја следат ситуацијата со Донарума и преговорите со Милан за нов
договор, а спортскиот директор на „Старата дама“, Фабио Паратичи наводно
подготвува понуда од цели 8 милиони евра по сезона за младиот голман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×