225
Милан дојде до
прва победа во последните четири меча од „Серија А“ откако со 0-2 славеше на
гостувањето кај Каљари, а гостите дојдоа до победа со два гола во серија во
второто полувреме, откако во првото мрежите мируваа на обете страни.
Леао по само една
минута игра во второто полувреме ги доведе „Росонерите“ до почетно водство, а
победата ја потврди Ибрахимовиќ кој со голот во 64. минута ги постави конечните
0-2 во корист на Милан, а со тоа Швеѓанецот на одличен начин се врати во тимот од Милано.
Со оваа победа
Милан дојде до 25 бода и сега се наоѓа на 8. позиција на табелата во „Серија А“,
Каљари е нешто погоре, односно на шестото место со 29 бода.