Интер има нова понуда до Барса за Видал

by
1 минути читање

Артуро Видал и
натаму останува приоритет за Интер во поглед на потенцијалните засилувања на
составот предводен од страна на Антонио Конте, меѓутоа постојат одредени
компликации во преговорите со Барселона која очигледно не попушта.

Сепак, извршниот
директор на Интер, Џузепе Марота во интервјуто за „Радио Раи“ потврди дека
Видал е приоритет за јануарскиот преоден рок, а „Мундо Депортиво“ пак известува
дека од Милано имаат и нова понуда во преговорите.

Нема да зачуди
доколку 31 годишниот Чилеанец ги напушти Каталонците пред крајот на овој месец,
па така „Мундо Депортиво“ известува дека новата понуда на Интер до Барселона
изнесува 2 милиони евра за позајмица, како и дополнителни 15 милиони евра
опција за откуп на договорот на фудбалерот, или генерално гледано – 17 милиони евра.

Во Италија
веруваат дека новата понуда на Интер е близу барањата на Барселона во поглед на
преговорите, меѓутоа, од друга страна пак Каталонците сега имаат и приоритетно
прашање во моментов, а тоа е одлука за иднината на Ернесто Валверде.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×