Кристал Палас и Арсенал ги поделија бодовите, Обамејанг погоди, а потоа поцрвене (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кристал Палас и
Арсенал одиграа реми со резултат 1-1 во првиот меч за денеска во рамките на 22
коло од англиската Премиерлига, гостите беа тие кои први поведоа, но, на крајот
домаќинот успеа да дојде до бод.

Обамејанг уште во
12. минута од мечот по една одлична акција на „Топчиите“ донесе водство за
гостите, а акцијата ја красеше цели 18 додавања, со тој резултат воедно се
замина на паузата.

Во второто
полувреме Аје погоди за израмнување во 54. минута, а домаќините во
продолжението имаа и бројчана предност на теренот за да дојдат до пресврт но,
во тие намери не успеаа.

Обамејанг по еден
брутален старт директно на ногата над Мејер, кој веднаш потоа беше повлечен од
игра, најпрво се здоби со жолт картон, по што следеше и консултација со ВАР
технологијата за можен црвен картон, што беше и повеќе од очигледно, па
Габонецот предвреме беше испратен во соблекувалната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×