Интер и Јуве во битка за Тонали, нероазурите направиле чекор повеќе

by
1 минути читање

19-годишниот Сандро Тонали важи за огромен талент, јасно е дека тој нема да се задржи во Бреша и следната сезона, интерес има од најголемите, пред се Интер и Јувентус.

Се очекува Тонали да остане во Бреша во јануари, тимот се бори за опстанок и раководството не сака да го загуби својот најдобар фудбалер.

БетАдриа викенд типови: И Тотенхем и Ливерпул постигнувале голови на последните пет меѓусебни мечеви

„Тутоспорт“ информира дека Интер имал состанок со адвокатот на Тонали, Бепе Боцо и неговиот агент Роберто Ла Флорио за да го презентираат нивниот интерес.

Јувентус од поодамна се интересираат за младиот играч, тие сакаат да склучат договор сличен на тој со Кулушевски. Уште сега да го купат Тонали, но тој да ја доигра сезоната во Бреша.

Ова е прва сезона за Тонали во Серија А и со своите игри веднаш го привлече вниманието.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×