Интер наводно ги договорил условите со напаѓачот на
Челси, Оливие Жиру, тврди „Скај Спорт Италија“, откако агентите на Французинот
веќе имал и средба со директорите на „Нероаѕурите“ во текот на вчерашниот ден.
„Скај Спорт Италија“ објави и видео регистрирајќи ги
агентите на напаѓачот како си заминуваат од клупските простории на Интер во
Милано.
Како и да е, се наведува дека се работи за лични услови
на фудбалерот кои се однесуваат за јануарскиот преоден рок, а сега топката е
префрлена во Челси, а се чини дека таму е најголемата битка која Интер треба да
ја добие.
Челси посакува од 8 до 10 милиони евра обештетување за
својот фудбалер, а во Интер се подготвени да издвојат половина од бараната
сума, а дополнително, во Премиерлигашот постојат и големи мотиви да не му
обезбедуваат засилување, а најмалку „попуст“ за Антонио Конте кој имаше и
судски спор со клубот од Лондон.
Жиру ќе биде слободен играч на трансфер пазарот на лето,
меѓутоа Интер очајно го посакува напаѓачот уште овој месец, а се верува дека „Нероаѕурите“
ќе му понудат две ипол годишен договор.
Специјалистот за трансфери во Италија, Џанлука Ди Марцио
тврди дека Жиру од сите понуди кои ги добил, го фаворизира Интер.