Шкотот често може
да се види на трибините како го следи својот Манчестер јунајтед, во вторникот
беше на Олд Трафорд за големото градско дерби во полуфиналето од Лига Купот.
Но престојот на
Сер Алекс Фергусон во свечената ложа воопшто не бил пријател откако „граѓаните“
им одржаа лекција на „ѓаволите“, целосно го надиграа лутиот ривал и до
полувреме имаа висока предност од 0-3.
Медиумите од
Англија сега пренесуваат дека Сер Алекс Фергусон се чувствувал понижен не сакал
и не можел да ги гледа директорите на Манчестер Сити крај себе во свечената
ложа и на паузата се упатил во својата канцеларија каде со чаша црвено вино се
обидел да ја ублажи болката.
„Сер Алекс
Фергусон гледаше само како побрзо да се упати во својата канцеларија, не сакаше
да се соочи со никого и преферираше да биде некаде на друго место. За разлика
од него, господинот Ед Вудворд одстана и се држеше за глава“ – вели
извор кој имал прилика да ги прати случувањата во свечената ложа на Олд
Трафорд.