Валверде искрено: Во Саудиска Арабија сме поради парите

by
1 минути читање

Секако дека по
објавувањето на новиот формат во шпанскиот Суперкуп, куќата на фудбалот во
Шпанија се соочи со критики од јавноста, најмногу поради тоа што битката за тој
трофеј го пресели во Саудиска Арабија.

Наместо два
натпревари во формат дома-гости, помеѓу шампионот и освојувачот на Купот,
сезонава бележиме нов формат, со тоа што се одвива турнир составен од четири
екипи, и тоа во Саудиска Арбија.

Реал Мадрид го
совлада составот на Валенсија синоќа и со тоа обезбеди учество во финалето, а
вечерва се среќаваат Барселона и Атлетико Мадрид, па шефот на стручниот штаб на
Каталонците, Ернесто Валверде говори отворено за тоа зошто шпанските екипи се
во Саудиска Арабија.

Ова е целосно
различен формат на натпреварување во однос на тоа што го имавме претходно, на
тоа што сме се навикнале, секако ќе добива критика сево ова, меѓутоа форматот е
интересен, четири добри екипи, меѓутоа, гледано од спортски аспект, едноставно
не сум сигурен…
“ рече тренерот на Барселона.

Фудбалот во
денешно време е бизнис, а како бизнис, сето тоа наликува на собирање средства,
токму тоа е причината зошто ние сме тука
“ додаде Валверде.

Натпреварувањето,
како што наведовме погоре, ги сочинува двете најдобро пласирани екипи во
Примера, како и финалистите од Купот на Шпанија, претходно, се играше во август
помеѓу првакот на Примера, односно освојувачот на Купот. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×