Солшер под притисок, Манчестер јунајтед и натаму е приоритет за Алегри

by
1 минути читање

Во случај да
дојде до разделба помеѓу Манчестер јунајтед и Оле Гунар Солшер, Масимилијано
Алегри се чини дека ќе биде првата опција за негов наследник, откако „Спортсмејл“
објави дека Италијанецот приоритет е преземање на кормилото на тимот од „Олд
Трафорд“.

52 годишниот
фудбалски стратег си замине од клупата на Јувентус ланското лето откако ја
обезбеди петтата титула за „Старата дама“ во низа во најсилниот фудбалски
шампионат на Италија, а медиумите од поодамна го поврзуваат со клупата на
Манчестер јунајтед.

„Спортсмејл“
објави дека откако го напушти Јувентус, Алегри посакува веднаш да му се врати
на фудбалот во случај да дојде до промена на Солшер во Манчестер јунајтед.

Извесен период
столчето на Солшер е разнишано, особено по само двете победи во последните шест
меча за „Црвените ѓаволи“, а на Островот се верува дека Алегри е профил на
тренер со голема оценка од челниците на Манчестер јунајтед.

Поранешниот
тренер на Тотнем, Маурицио Покетино исто така под будно око ја следи
ситуацијата во Манчестер јунајтед, а токму Аргентинецот заедно со Алегри се
чини дека се најсериозните кандидати за наследник на Солшер, доколку дојде до
отказ за Норвежанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×