Малку недостасуваше Мбапе да постигне нестварен гол (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Актуелниот првак
на Франција, ПСЖ продолжи со маестралната форма во домашниот шампионат, а
синоќа избраниците на Томас Тухел со 6-1 пред своја публика го „демолираа“ Сент
Етјен во Лига купот, на меч каде љубителите на фудбалот имаа можност да проследат и неколку
мајстории.

Една од истите
беше дело на Килијан Мбапе кој еднаш се запиша во листата на стрелците на
синоќешниот меч во Париз, а младиот напаѓач можеше да се прослави со еден
нестварен гол по една одлична акција на домаќините.

Нејмар покажа
одлична визија и брза реакција откако ја остави топката да дојде до Мбапе при
еден лажен потег, а младата ѕвезда на ПСЖ се обиде со рабона, а неговиот обид
беше мошне близу до реализација…

Можно е и ова да ти се допаѓа

×