317
Со мечот меѓу Реал Мадрид и Валенсија започна шпанскиот Суперкупот кој се игра во Саудиска Арабија.
Кралскиот клуб со 3-1 ја покори Валенсија и се пласира во финалето.
Резултатот го отвори Тони Крос во 15. минута со гол директно од корнер. Го искористи невниманието на голманот на Валенсија и постигна атрактивен погодок.
На пет минути до крајот на првото полувреме Иско од една одбиена топка зголеми на 2-0.
Во 65. минута Лука Модриќ постигна убав гол со надворешно ефе за убедливи 3-0.
До крајот на мечот Валенсија успеа само да намали преку Парехо од пенал во судиското продолжение од мечот.
Утре Барселона и Атлетико Мадрид играат во второто полуфинале од Суперкупот на Шпанија.