Видал на излезна врата од Барселона, Манчестер јунајтед и Интер под будно око ја следат ситуацијата

by
1 минути читање

Агентот на Артуро
Видал, Фернандо Феличевич веќе започна со одредена тура низ Европа, односно тој
преговара со клубовите кои се заинтересирани за услугите на неговиот клиент кој
е член на Барселона, а постојат два посериозни кандидати за потписот на
Чилеанецот.

Манчестер
јунајтед и Интер се споменуваат како двата клуба заинтересирани за фудбалерот
за кого се шпекулира дека би можел да си замине од „Камп Ноу“ за околу 17
милиони фунти.

Се верува дека во
Барселона се подготвени да го пуштат 32 годишниот Чилеанец да си замине од
клубот, а сево ова доаѓа откако Видал почна правда постапка против Каталонците
поради неисплатени бонуси во висина од два милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×