Пјонтек би можел во Премиерлигата, Милан доби понуда вредна 30 милиони евра

by
1 минути читање

Астон Вила го
зголеми интересот за ангажман на полскиот напаѓач од редовите на Милан, Криштоф
Пјонтек, а Премиерлигашот понудил 30 милиони евра за негов трансфер.

Специјалистот за
трансфери во Италија, Џанлука Ди Марцио тврди дека Астон Вила е мошне сериозна
во намерите да дојде до потписот на 24 годишниот напаѓач, а наводно истиот
новинар тврди дека интересот сега се претвори и во формална понуда.

Милан ланскиот
јануари на Џенова и исплати 35 милиони евра за услугите на Пјонтек, а во
Италија веруваат дека „Росонерите“ немаат ништо против да се разделат со него
во случај да дојде примамлива понуда, односно понуда близу таа цифра.

Пјонтек постигна вкупно 30 погодоци во сите конкуренции во текот на претходната сезона, меѓутоа во
новата неговата форма стагнира, успевајќи да запише само четири погодоци на 18
натпревари.

Дека нема да
зачуди такво сценарио, говори и фактот што Милан го доведе Златан Ибрахимовиќ
овој јануарски преоден рок, а од друга страна пак Астон Вила очајно е во
потрага по „деветка“ во својот состав откако поради повреда на подолг рок го
загуби Весли.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×