Тотнем и
официјално потврди дека повредата на Муса Сисоко е од посериозен карактер, со
тоа што Французинот е подложен на операциски зафат по повредата на десното колено.
Во официјално
соопштение за јавноста, на сајтот на Тотнем стои дека по медицинските тестови
кои биле извршени врз фудбалерот, следел операциски зафат над Сисоко, по што ќе
следи и подолга пауза од терените за него.
Сисоко се здоби
се повреда на гостувањето кај Саутемптон во 21. коло од Премиерлигата каде „Спарси“
загубија минимално, а го пропушти ремито со Мидлзборо во ФА Купот.
Од Тотнем
посочуваат дека ќе ја мониторираат ситуацијата и рехабилитациониот период на
Сисоко, меѓутоа од таму не очекуваат тој да се врати на тренинзите до април.
30 годишниот
фудбалер од средниот ред на Тотнем пропушти само еден меч во новата сезона,
каде запиша 20 настапи, а притоа успеа да постигне и два погодоци, со што е
најстандарден за „Спарси“ во тој дел од теренот, а воедно и клучен играч на
тимот од Лондон.
data-lang="en">