Цеск Фабрегас
одговараше на повеќе прашања од фановите за време на онлајн квизот „Прашања/Одговори“,
а Шпанецот во голема мера го истрола Тотнем, кој е инаку голем градски ривал на
неговите поранешни клубови Арсенал и Челси.
Шпанецот ги
повика своите фанови да му испраќаат прашања на „Твитер“, а на тој негов повик
се јави и официјалниот акаунт на „Премиерлигата“, од таму пристигна едно доста
едноставно прашање на кое очигледно Фабрегас ги дочека своите пет минути.
„На сите тие 50
погодоци кои ги постигна, кој беше твојот најомилен?“ запрашаа од
Премиерлигата.
„Секој гол против
Спарси“ беше краткиот но мошне јасен одговор на Фабрегас.
Every goal against Spurs will do https://t.co/hvQgjLteM4
— Cesc Fàbregas Soler (@cesc4official) January 7, 2020
Фабрегас, кој моментално
е член на Монако, во осумте години во дресот на Арсенал (2003/11) на 212
настапи постигна 35 погодоци, а во петте сезони за Челси (2014/19) на 138
настапи успеа да запише 15 погодоци зад своето име, што е бројка од точно 50
погодоци вкупно за обата Премиерлигаши.