„ЕСПН“ објави
дека од каталонскиот гигант Барселона веќе оствариле контакт со Палмеирас околу
можноста за трансфер на 21 годишниот фудбалер од средниот ред на таа екипа, Матеус
Фернандес.
Бразилецот има
важечки договор со Палмеирас до 2023. година, меѓутоа Каталонците ја
разгледуваат секоја можност за да го доведат на „Камп Ноу“ во периодот кој
претстои.
„ЕСПН“ додава
дека Барселона го мониторирала Фернандес уште во периодот кога тој бил член на
Ботафого, поточно во 2017. година, а со отворањето на јануарскиот преоден рок
Барселона го интензивирала интересот за потписот на фудбалерот.
Фернандес за
Ботафого во периодот 2016/18 реализираше 63 настапи на кои запиша и еден
погодок, колку што запиша и во дресот на Палмеирас, каде досега забележа 10
настапи.
Фудбалерот на
Палмеирас истовремено има по два настапи за младинските селекции на Бразил за
играчи до 17, односно 20 години.