Лукаку откри што е клучно за успехот на Интер и кажа дека со Лаутаро се дружи и надвор од теренот

by
1 минути читање

Лукаку беше двоен стрелец во победата над Наполи, Интер на Сан Паоло прв пат по 22 година се радува на победа во меч од Серија А.

Лукаку и Мартинез формираа страшен тандем, но Белгиецот вели дека клучен за успехот е тренерот Конте, тој знае како да го извади максимумот од овој тим.

„Важно е да имате голем лидер како Антонио Конте на клупата, за вака млад состав клучно да имате некој со толку големо искуство“, вели Лукаку.

Тој ја откри и тајната за неговото одлично функционирање со Лаутаро Мартинез. Вели дека се дружат и надвор од теренот, па можеби тоа влијае и на игрите на теренот.

„Ние сме добри пријатели, правиме и многу работи надвор од теренот, и кога сме на теренот функционираме одлично. Навистина сум среќен со тоа како игравме во моментов, но можеме и уште подобро“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×