„ЛуЛа“ го реши и Наполи, Интер прв пат по 22 години слави на Сан Паоло во Серија А! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во последниот меч
од 18. коло во Серија А, Интер го доби дербито со Наполи. Популарното дуо ЛуЛа
одново беше клучно, Ромелу Лукаку постигна два а Лаутаро Мартинез еден гол.

Резултатот беше
отворен во 14. минута, Лукаку тргна од половина терен, Лаутаро се отвори и
повлече играч па Белгиецот прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 0-1.
Истиот играч зголеми на 0-2 во 33. минута со силен удар од далечина, голот оди
и на душа на голманот Мерет, кој реагираше лошо и дозволи топката да му заврши зад
грбот.

Пет минути пред
крајот на првиот дел, Милик изедначи на 1-1 на асистанција на Каљехон но тоа
беше се што домаќините направија.

Во 62. минута Манолас
погреши, наместо да расчисти една нафрлена топка, само ја смири за Лаутаро, кој
не погреши и го искористи подарокот за 1-3 и прва победа на Интер на Сан Паоло по
22 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×