Милан одигра 0-0 на домашен терен против Сампдорија, Ибрахимовиќ во игра влезе во текот на второто полувреме но не успеа да им помогне на росонерите да ги освојат трите бода.
„Почувствував многу адреналин, емоции и чувства кои ги носам околу деве-десет години со мене“, вели Ибра по мечот.
„Односот на фановите беше прекрасен, ме мотивираа многу. Сакав да излезам на теренот, да постигнам гол и да го прославам како Бог пред навивачката трибина“.
„Но можете да видите дека на тимот му недостасува самодоверба и агресија во постигнувањето на головите, па не сме ефективни. Треба да видиме што да направиме за да го извадиме најдоброто од составот“.
„Тука сум четири дена и ќе направам се што можам за Милан повторно да игра добро. Во тимот во моментов нема верба дека можеме да победуваме“.