Кристијано
Роналдо може да се пофали дека е само вториот играч кој забележал хет-трик во
Премиерлигата, Ла Лига и Серија А. ЦР7, со нова фризура, попладнево три пати ја
тресеше мрежата на Каљари и го изедначи постигнувањето на Алексис Санчез.
Португалецот го
отвори резултатот на стартот од вториот дел откако одзеде една топка и рутински
го матираше Олсен. Во 67. минута, Кристијано Роналдо погоди од пенал за 2-0, а
потоа во 60 секунди паднаа два гола. Игуаин зголеми на 3-0 а ЦР7 го
комплетираше хет-трикот за конечни 4-0.
Аталанта имаше
ново гол шоу, тимот од Бергамо како што ја заврши 2019 (со триумф од 5-0 над
Милан) ја отвори и 2020 и славеше со 5-0 против Парма.
Гомез го отвори
резултатот, а до крајот на првиот дел Фројлер и Госенс се погрижија за убедлива
предност на пауза. Во продолжението од мечот, Иличиќ погоди два пати за
убедлива победа.
На последниот
денешен натпревар од 15 часот, Милан разочара одново и одигра само 0-0 со
Сампдорија. Не помогна ниту Златан Ибрахимовиќ, кој доби половина час.