Пандев: Страдавме до крајот но Бог ни помогна, ова беше победа од срце!

by
1 минути читање

Горан Пандев не
можеше подобро да ја започне 2020, Македонецот вечерва постигна гол во 86. минута
против Сасуоло и донесе победа од 2-1 за Џенова, прва во Серија А по два ипол
месеци.

„Знаевме дека не
чека важен и тежок натпревар. Страдавме до крај, но Бог ни помогна. Тоа беше
победа од срце а помогна и публиката. Бевме во неволја, но победивме заедно. Се
надевам дека ова е нов старт, треба да продожиме со напорната работа и да ги
следиме наредбите на тренерот. Се надевам дека ќе бидеме подобри во
продолжението. Се обидувам да им помогнам на помладите, за излез од ситуацијата
во која се наоѓаме е потребно искуство. Мораме да останеме обединети за да се
вратиме на прв пат. Тимот не заслужува да биде при дното од табелата, но таква
е ситуацијата“
– вели Горан Пандев кој на паѓање со лице ја удриа топката и ја
затресе мрежата за огромна радост.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×