161
Џенова конечно се израдува на победа, а таа ја донесе нашиот Горан Пандев.
Џенова поведе со гол на Кришито од пенал во 29. минута, а четири минути подоцна Обианг изедначи на 1-1.
Џуричиќ во 76. минута постигна гол за Сасуоло, но по консултација со ВАР судијата го поништи голот поради играње со рака.
Десет минути подоцна Горан Пандев го постигна можеби најсмешниот гол во својата кариера, во пад со глава ја затресе мрежата на противникот за победа од 2-1.