Алиоски меѓудругото вели дека победата на Арсенал над Манчестер јунајтед не може да биде некој репер бидејќи тимот на Солшер е слаб.
„Арсенал има убав стадион, голем клуб сме, но ништо не е посебно да гостувате таму, и Лидс ако е во Премиерлигата исто така се брои како голем клуб. Ова е убава можност да им покажеме кој е Лидс“, вели Алиоски.
„Треба да им покажеме зошто сме таму каде што сме. Можеме на голем клуб да му го покажеме стилот на игра кој можеме да го играме и да видиме каде сме“.
„Им го видов резултатот против Манчестер јунајтед. Но Јунајтед е толку слаб што и ние можеме да ги победиме. Купот е различен, секогаш има изненадувања“.
„Доколку ние сме во Премиерлигата и ние би биле еден од најголемите клубови таму. Затоа овој дуел е поразличен. Важно е да отидеме таму и да го играме фудбалот кој го сака Биелса“.
„Се разбира дека ова е голем меч за мене, сакам да играм во големи натпревар. Арсенал е, има добри играчи се се друго. Но тоа не ме прави нервозен, се надевам дека ќе имам и уште поголеми мечеви“.
Во последно време Алиоски повторно игра и во средниот ред. Нашиот фудбалер може да игра и како бек и како крило.
„Среќен сум што играм офанзивно, но нема голема разлика под Биелса бидејќи тој ме како да играм на таа позиција. На секоја позиција го давам максимумот“.
„Убаво е да мислиме долгорочно, но треба да гледаме од натпревар за натпревар а не да сонуваме. Би било убаво да го победиме Арсенал, но и ако не го направиме тоа имаме долга сезона пред нас, најважно е да се фокусираме на натпреварот кој ни следи. Не треба да мислиме на ништо понапред“.
„Атмосферата во клубот е позитивна. Ништо нема да се промени доколку загубиме, можеби ако победиме ќе биде гласно“.
Алиоски има само пофални зборови за тренерот Биелса.
„Напредувам секој ден. Ова е тренер кој кога ќе се разделите ќе ви недостасува. Треба да ја соберете секоја информација од него. Секој фудбалер учи многу и треба да бидеме благодарни што имаме ваков тренер“.