Михајловиќ: Сега уживам во секој момент од животот

by
1 минути читање

Михајловиќ ја доби битката со леукемијата и полека се врати во нормален колосек во животот, но вели дека болеста многу го променила како човек и од него извадила работи кои биле длабоко скриени.

„Не можев да побарам подобар Божиќ. Да ги поминам празниците со мојата фамилија во сегашната состојба, е најголемото нешто што можев да го посакам“, вели Михајловиќ.

„Тестовите се добри, секој ден се чувствувам посилен, тука е мајка ми, сопругата, децата се покрај мене. И Болоња победи на последните два натпревари. Среќен сум со се што се случува“.

„Сега го ценам секој момент, работите кои претходно не сум ги ни забележувал бидејќи се брзав да го направам следното што доаѓа. Научив да слушам, и да ги набљудувам изразите на оние пред мене. Уживам во секој најмал детал во животот кој сега ми изгледа бесценет“.

„Порано наутро џогирав со слушалки за да го отфрлам стресот, но сега пешачам 7-10км дневно за да ги наполнам батериите. Разгледувам наоколу, слушам, дишам свеж воздух кој ми изгледа како голема сензација по три месеци поминати во болнички кревет со клима уреди“.

„Открив дeл во мене кој не ни бев свесен дека постои или кој бил скриен. Сега плачам за било што. Синиша стана плачко. Но тоа ми е подобро отколку да ги задржувам емоциите“.

„Станав потрпелив. Како фудбалер не можев ни да избројам до еден пред да реагирам, а камоли до десет. Сега научив да бројам до шест-седум, знам дека можам да стигнам до осум, но 10 веројатно е премногу далеку од мене“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×