Кристијан Ериксен
ги одработува последните шест месеци од договорот со Тотнем па слободно може да
преговара со други клубови и да си подаде рака за трансфер по крајот на сезоната.
Но тој би можел
да замине од Лондон уште овој месец, oд Данска пристигнува информација дека на
повидок е договор помеѓу Тотнем и Интер.
Екстра Бладет
повикувајќи се на свои извори објави дека само финални детали го делат
фудбалерот од преселба на Џузепе Меаца и се очекува во следните недели страните
да пронајдат компромис за Кристијан Ериксен во јануари да се пресели во Милано.
Весникот додава дека
трансферот на 27 годишниот фудбалер од средниот ред треба да изнесува помеѓу 20
и 24 милиони евра.
Во меѓувреме,
Тутомеркатовеб вели дека првиот човек на Тотнем, Даниел Леви бара најмалку 30
милиони евра, сума која Интер во моментов не е подготвен да ја плати и покрај
тоа што Бепе Марота и Пјеро Аусилио сакаат уште овој месец да го донесат
Кристијан Ериксен наместо да чекаат до јули.