„Спарси“
до крјаот на денот треба да ги добијат резултатите од тестовите по повредата на Хари
Кејн на дуелот со Саутемптон. Англичанецот на патерици го напушти „Сент Мерис“
откако почувствува болки во задната ложа.
Но и покрај тоа
што се уште не знае каков е степенот на повредата, Жозе Мурињо смета дека
вестите ќе бидат лоши и тој подолго време нема да може да смета на напаѓачот.
„Се уште не ја
знаеме точната дијагноза, мислам дека подоцна во денот ќе ги добиеме
резултатите. Но сметам дека вестите ќе бидат лоши. Она што играчот го
почувствува, како се однесуваше Кејн, не се двоумеше и веднаш го напушти
теренот, му требаа две секунди за да сфати дека ситуацијата воопшто не е
наивна, па кога во предвид ќе го земам сето ова, како и мислењата на луѓето од лекарскиот персонал, не очекувам добри вести. Мислам
дека подолго време нема да можам да сметам на него“ – вели „специјалниот“.