Зимскиот преоден
рок во Италија започна со голема зделка, Јувентус го купи талентираниот Дејан
Кулушевски. Македонецот, кој реши да ги брани боите на Шведска, потпиша за „бјанконерите“
во трансфер вреден 35 милиони евра, плус додатни 9 милиони евра во бонуси.
Офанзивниот
фудбалер го привлече вниманието со одличните настапи во дресот на Парма оваа
сезона, но Аталанта е клубот кој добро ќе се офајди од зделката.
„Плативме помалку
од 200.000 евра за него, ако веќе треба да кажам точна бројка, плативме
половина од сумата која ја споменав предмалку“ – вели гордо спортскиот директор
на Аталанта, Џовани Сартори во разговор со Кориере дело Спорт.
„Зделката им
одговара на сите страни, на нас, на Јувентус, на Дејан. Одигра 17 натпревари во
Серија А за Парма и неговиот прогрес е импресивен“.
„Во април ќе
наполни 20 години и се уште може многу да напредне. Може да стане топ играч. Ќе
биде многу позрел кога ќе почне да игра во Јувентус од следната сезона“.