Александер Арнолд ја трола легендата на Манчестер јунајтед: Никој не сака да биде бек како Гери Невил!

by
1 минути читање

Александер Арнолд и Робертсон се веројатно најдоброто дуо на бекови во моментов. Двајцата играат извонредно.

Арнолд вели дека тие ја гледаат бековската позиција на поинаков, помодерен начин, никој веќе не сака да биде тип на бек каков што бил Гери Невил.

„Дефинитивно, се натпреваруваме меѓусебе, да видиме кој ќе даде повеќе голови и асистенции и тоа ни дава дополнителен предизвик“, вели Александер Арнолд за партнерството со Робертсон.

„Како пар сакаме да го промениме начинот на играње на позицијата. Никој не сака да прерасне во типичен бек или да биде Гери Невил“.

„Сакаме да донесеме различен начин на размислување за позицијата и тоа го правиме во изминатите 18 месеци“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×