Кулушевски: 2020 не можеше да почне подобро

by
1 минути читање

Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски синоќа го комплетираше трансферот во Јувентус, иако до крајот на сезоната ќе остане на позајмица во Парма.

„Многу сум среќен, 2020 не можеше да почне подобро“, изјави Кулушевски.

„Ова беше многу важен ден за мене, моите пријатели, мојата фамилија, за сите кои работеа со мене“.

Оваа сезона Кулушевски има четири гола и седум асистенции во 17 меча од Серија А. На прашањето дали преферира да дава голови или да асистира, тој вели:

„Играм за да победам. Па доколку мислам дека е подобро да шутнам, ќе шутнам. Како и да е, доколку видам соиграч кој е во подобра позиција од мене да постигне гол, ќе му ја додадам топката бидејќи головите и асистенциите не се бројат, само победите се важни“.

Кулушевски е среќен што ќе остане во Парма да ја доигра сезоната, вели дека таму се чувствува како дома иако е само шест месеци.

„Парма стана мој дом, таму сум шест месеци и се чувствувам како дома. Моите соиграчи ми помагаат секој ден, тренерот ми помага од првиот ден, среќен сум што имам некој кој верува во мене“.

„Јувентус е еден од најголемите клубови во светот. Секој кога почнувал да игра фудбал, сите сакале да играат за Јувентус. Кога се појави шансата да потпишам за Јуве, не размислив два пати“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×