216
Машинеријата на
Јирген Клоп го „сомеле“ и Шефилд јунајтед. Во последниот натпревар од првото
коло во 2020, Ливерпул славеше со 2-0 и прокнижи нови три бода.
Резултатот беше
отворен веќе во 4. минута, Робертсон му асистираше на Салах за водство од 1-0.
Сите дилеми околу победникот беа решени во 64. минута, Салах тогаш беше во улога
на асистент а Мане ја затресе мрежата на гостите за 2-0.
Со овој триумф,
Ливерпул се врати на +13 на врвот на табелата со натпревар помалку и ја продожи
фантастичната серија. „Црвените“ една година не знаат за пораз во Премиерлигата,
последен пат загубија од Манчестер Сити на 3. јануари 2019.