Пол Погба по
пауза од речиси три месеци, пред десетина дена се врати на терените и одигра
половина час против Вотфорд. Сепак, Французинот потоа не беше во составот на
„ѓаволите“ против Њукасл и Барнли, а го скокна и синоќешното дерби со Арсенал.
По поразот на
„Емирати“, Оле Гунар Солшер објасни зошто не сметал на фудбалерот од средниот
ред и откри дека Пол Погба одново ќе биде во аут.
„Погба е
повреден, има мака со стапалото и мора да го реши проблемот. Неговите луѓе го
советуваа да оди на операција што е можно побрзо, и веројатно ќе го стори тоа
што е можно побрзо. Очекуваме да отсуствува помеѓу три и четири недели. Се
грижиме за здравјето на сите наши играчи, и нема да ризикуваме кога некој фудбалер
чувствува дека не може да игра“ – изјави Норвежанецот.
И покрај тоа што
од изјавата се добива впечаток дека луѓето од кампот на Пол Погба решаваат за
операцијата, од Олд Трафорд брифираат дека нивниот лекарски персонал ја
поставил дијагнозата и први го забележале проблемот, а потоа Французинот
побарал мислење од негов специјалист, со кое тие целосно се сложуваат.