146
38-годишниот Ибрахимовиќ со приватен авион утринава слета во Милано, денеска треба да ги помине медицинските тестови и да стави потпис на договор со Милан.
„Отсекогаш сум велел дека ова е мојот дом и конечно сум назад“, вели Ибрахимовиќ.
„Се сеќеавам кога бев тука пред повеќе години на истото место. Важно е дека сум тука и сум многу среќен. Во меѓувреме бев во други клубови, но се вратив, и тоа е најважно“.
На прашањето што ќе им порача на фановите, Ибра одговори: „Конечно сум тука, чекајте ме на Сан Сиро и ќе се радуваме повторно“.