„Специјалниот“ нема по убаво да го памети денешното гостување на „Сент Мерис“, неговиот Тотнем загуби и испушти нови бодови во трката за топ четири, а се повреди и првата ѕвезда Хари Кејн.
Жозе Мурињо исто така влезе во бележникот на судијата откако имаше расправија со луѓето од клупата на Саутемптон и ѕиркаше во бележникот на тренерот на голманите на „светците“.
По крјаот на натпреварот, Португалецот призна дека заслужил картон но во исто време го нападна ривалот и го нарече идиот.
„Жолтиот картон беше фер, се однесував непримерно, но се однесував непримерно кон еден идиот. Заслужив да влезам во бележникот на судијата. Едноставно, му кажав неколку неубави зборови на човекот. Секако дека имаше причина за мојата реакција, но нема да ви откријам што, но поради одредена причина морав да реагирам така“ – вели Жозе Мурињо.