Манчестер Сити
останува на минус еден во однос на Лестер, избраниците на Пеп Гвардиола вечерва
триумфираа со 2-1 над Евертон благодарејќи на разиграниот Габриел Жесус.
Бразилецот на
брзина погоди два пати на стартот од вториот дел. Најпрво донесе водство во 51.
минута, а потоа ја дуплираше предноста во 58. минута.
Гостите успеаја
само да ублажот поразот преку Ришарлисон во 71. минута, па на крајот Манчестер
Сити за прв пат во својата историја нареди пет победи против Евертон, а Карло
Анчелоти за прв пат загуби меч откако го превзеде кормилото на „карамелите“.
На останатите натпревари
од 18:30 часот, Вест Хем под водство на Мојс стигна до убедлива победа од 4-0
над Борнмут, а Норич и Кристал Палас одиграа 1-1.