192
Саутемптон поведе против Тотнем уште во 17. минута со убав гол на Ингс. Се очекуваше одговор на Спарси, но тие го одиграа најлошиот меч под водство на Мурињо.
Во 25. минута Ндомбеле поради повреда мораше да го напушти мечот, а во 75. минута се повреди и Хари Кејн, напаѓачо изгледа го истегна бутниот мускул.
Нападите на Тотнем беа јалови, не само што не успеаа да постигнат гол, туку не ни створија сериозна шанса.
За разлика од нив, Лестер со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Њукасл. Перез, Медисон и Чодхари беа стрелци на головите.
Ватфорд со 2-1 го победи Волвс. Претходно Брајтон и Челси одиграа 1-1, а Астон Вила славеше на гости кај Барнли со 2-1.