Челси поведе уште во десетата минута од мечот со гол на Аспиликуета, се чинеше дека тимот на Лампард ќе дојде до три нови бода, но не беше така.
Откако промашија неколку шанси за порано да го решат победникот на мечот, Челси прими гол во финишот и загуби два бода.
Во последниот период од натпреварот Брајтон изврши голем притисок, Кепа имаше две убави интервенции, но еднаш капитулираше.
Играчот кој во минатото коло го постигна првиот гол за Брајтон и плачеше после тоа, сега даде спектакуларен погодок, Алиреза Јаханбакш во 84. минута со ножички погоди за конечни 1-1.
Астон Вила славеше гостинска победа кај Барнли со 2-1. Весли и Грејлиш ги постигнаа головите за гостите, Барнли во финишот даде само почесен гол преку Вуд.