Арсенал одигра одлично прво полувреме против Челси, но потклекна во второто и го загуби натпреварот. Од неколку дневната работа на Артета, Давид Луиз има чувство дека тој ќе биде еден од најдобрите.
„Според мене, Артета ќе биде еден од најдобрите тренери во светот“, вели Давид Луиз.
„Имав можност да имам повеќе тренери за време на мојата кариера“.
„Тој е интелегентен, беше фудбалер, паметен е. Мислам дека тој ќе биде еден од најдобрите, но нашиот дел од работата е да му помогнеме да стане тоа, посебно на поечтокот кога сите се сомневаат“.
„Но јас навистина верувам во неговата филозофија, навистина верувам во начинот на кој тој го гледа фудбалот. Затоа можевме да видиме како Арсенал доминира против Челси во првото полувреме со неверојатен фудбал, со многу квалитет“.
„Мислам дека ако постигневме втор гол, тоа ќе беше друг натпревар“.
„Мислам дека сите видоа тим со идентитет, со идеи, со конекција со фановите, со врвни фудбалери. Мислам дека Микел брзо ќе ја интегрира својата филозофија“.