19 годишниот
напаѓач го сврте вниманието со одличните настапи за РБ Салцбург каде оваа
сезона постигна 28 погодоци на 22 натпревари, од кои 8 гола на 6 меча во Лигата
на шампионите.
Се говореше дека
скаути од 20 клубови ги следат неговите настапи, а најконкретни во намерите беа
Манчестер јунајтед, Јувентус, Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг. На крајот играчот
се реши за „милионерите“ со кого потпиша до 2024 година.
Ваквите вести беа
изненадување, и медиумите од Англија веднаш излегоа со објаснување зошто
Манчестер јунајтед не го ангажирал перспективниот голгетер. Проблем бил Мино
Рајола и условите кои ги поставил контроверзниот агент за комплетирање на
зделката.
Го посочија виновникот, откриени причините поради кои Манчестер јунајтед не го ангажирал Халанд
Тој побарал провизија од десетици милиони евра, инсистирање на
откупна клаузула за полесно да се реализира следниот трансфер како и процент
од следниот трансфер кој Италијанецот требал да го подели со таткото на
играчот.
„Ѓаволите“ не
сакале да бидат уценувани, па решиле да се повлечат од зделката и да се фокусираат
кон други цели, но се верува дека раководните луѓе на Борусија Дортмунд ги
исполниле желбите на Мино Рајола и Алф Инге Халанд.
Па судејќи според
ова, само прашање на време е кога ќе се случи следниот трансфер на Ерлинг
Халанд, а ако се точни гласините, познато е колку ќе чини тој. Неколку извори
од „островото“ пренесуваат дека откупната клаузула која ја барал Мино Рајола
изнесувала 50 милиони евра, сума што во денешно време и не значи многу.